ФА покрена постапка против Ибрахимовиќ и Мингс

by
1 минути читање

Во текот на натпреварот помеѓу Јунајтед и Борнмут, Ибрахимовиќ и Мингс имаа неколку физички дуели кои не беа санкционирани од судиите.

Но, ФА не планира да ги остави неказнети Ибра и Мингс па покрена постапка против нив.

„Фудбалерите беа инволвирани во два посебни инциденти околу 44 минута и не беа видени од официјалните лица, но се фатени на видео снимките“ – стои во соопштението на ФА.

Лактот на Ибрахимовиќ и газењето на Мингс се прекршоци за црвен картон, па се прогнозира дека и двајцата ќе добијат по три натпревари суспензија.

Одлуките за суспензии ФА ги носи со помош на панел од три поранешни елитни судии. Секој од нив посебно ја разгледува спорната снимка и соопштува казна, врз база на нивното мислење ФА ја донесува одлуката за казна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани