ФА го суспендираше агентот на Бејл на три месеци, освен тоа и парично го казни

by
1 минути читање

Дејвид Манасех е
прв човек на „Стелар“, агенцијата која ги претставува Герет Бејл, Кјеран
Трипие, Лук Шо и Џордан Пикфорд, а фудбалскиот агент се здоби со суспензија од
англиската асоцијација ФА за цели три месеци.

Причина за
суспензијата е откако тој се обидел да дојде до малолетен фудбалер, а освен
суспензијата од три месеци, Манасех доби и парична казна од ФА во висина од
50,000 фунти.

Според
информациите кои ги пренесува „
BBC“, се вели дека Манасех правел обиди да потпише договор со фудбалер пред
тој да наполни 16 години, тој ги отфрли обвиненијата кон него, но доказите го
велат спротивното.

Правилата
налагаат договорите, индиректни и директни, помеѓу агентите и фудбалерите, не
можат да се случат пред првиот ден во јануари, во годината кога фудбалерот
треба да наполни 16 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани