Последното „Дерби на Мерсисајд“ кое се одигра на „Гудисон Парк“ меѓу Евертон и Ливерпул понуди спектакл и реми (2-2). Заостанатиот натпревар од 15. коло на Премиер лигата кој всушност е последен на култниот стадион поради преселбата на Евертон заврши нерешено со гол во 98. минута.
Поведе домашната екипа со голот на Бето по само 11 минути игра, по асистенција на Брејтвејт (1-0). Сепак, радоста на „карамелите“ траеше релативно кратко, бидејќи Мекалистер пет минути подоцна погоди за израмнување.
Тој резултат беше активен на полувремето, а потоа следеше серија промени. Ливерпул доби на моментум и преку Мохамед Салах кој претходно беше и асистент стигна до пресврт (1-2) во 73. минута.
Кога сите го очекуваа крајот на натпреварот, по една акција во која неколку пати топката леташе високо во воздух Евертон успеа да израмни. По голема мешаница израмнување за домашните донесе Тарковски кој погоди за 2-2 во 98. минута.