277
Манчестер
јунајтед е последниот патник во полуфиналето на Лига купот, избраниците на
Солшер вечерва со 0-2 тримфираа против Евертон.
„Ѓаволите“
одлично го започнаа натпреварот имаа неколку добри шанси, но никако не успеваа
да ја затресат мрежата. Се чинеше дека само прашање на време е кога ќе
постигнат гол, но Евертон успеа да се консолидира па наместо погодоци, имаше
голема битка на теренот.
И кога се чинеше
дека пенали ќе го решаваат победникот, Единсон Кавани прекрасно погоди од работ
на шеснаесетникот во 88. минута, а Марсијал во 96. минута стави точка на
натпреварот.