Евертон ќе сруши традиција стара 16 години?

by
1 минути читање

Евертон и натаму
е во игра за потписот на Дивок Ориги, пренесува
ESPN, но, шпекулациите велат дека Ливерпул за услугите
на својот офанзивец бара околу 20 милиони фунти.

И Liverpool
Echo пренесе за интересот кој
Евертон го пријавил за 23 годишниот Белгиец, но, од таму пак, додаваат дека
Ливерпул нема да се откаже од неговите услуги за мала сума на обештетување,
истиот медиум подвлече дека Ориги бил на излезна врата од Енфилд уште во
летниот преоден рок, но самиот фудбалер го откажал трансферот, кој помеѓу
Вулверхемптон и Ливерпул бил предвиден да изнесува 22 милиони фунти.

Доколку се
остварат најавите за трансфер на Ориги во редовите на Карамелите, со тоа ќе се
сруши традиција стара цели 16 години помеѓу двата големи градски ривали, Абел Ксавиер
е последниот фудбалер кој преминал од едниот во другиот клуб, уште од 2002.
година, забележа 49 настапи во дресот на Евертон по неговиот трансфер од
Ливерпул.

Тешко дека Ориги
ќе добие адекватна прилика за докажување во редовите на Ливерпул и оваа сезона,
како голема конкуренција ги има Салах, Фирмино и Мане, а германскиот стратег
како опции ги има уште и Стариџ и Шаќири, па се поизвесно е дека Белгиецот уште
во јануарскиот преоден рок ќе си замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани