ЕСПН: Кутињо ќе биде продаден по хоророт на Барса во ЛШ, иднината на Валверде неизвесна

by
2 минути читање

Филипе Кутињо не е фудбалер на Барселона, пишува ЕСПН, алудирајќи на тоа дека
извори од клубот од Камп Ноу пренесуваат дека Бразилецот ќе биде првата жртва
од елиминацијата во Лигата на шампионите, а раководството на Каталонците ќе има
конечен состанок со Ернесто Валверде за неговата иднина на кормилото, додава
истиот медиум повикувајќи се на свои извори.

Извори од клубот
за ЕСПН потврдиле дека стручниот штаб е тотално разочаран од перформансите на
Кутињо сезонава, трансферот на Бразилецот ги чинеше Каталонците 160 милиони
евра, но, неговите изданија против поранешниот клуб во полуфиналето само ја
потврдија идејата во клубот дека неговото време на Камп Ноу истекува.

Кутињо не е
фудбалер на Барселона, тоа е веќе јасно
“ вели извор од клубот во изјавата за
ЕСПН.

Додека реакциите
во срцето на најболниот момент за Каталонците оваа сезона се вперија кон Кутињо
кого го гледаат веќе далеку од Камп Ноу, раководството на клубот, на чело со
претседателот Жозеп Мариа Бартомеу, ќе се обиде со мирна глава да го проследи
претстојниот период.

Во претстојните
денови ќе следи и дискусија околу иднината на Валверде, иако ја освои титулата
во Примера, најголемиот удар кон него се двете последователни елминации на
Барселона во Лигата на шампионите, каде Каталонците освен со Рома лани, прокоцкаа
високо водство од првиот натпревар и со Ливерпул сезонава.

Како и да е, ЕСП
заклучува дека на сугестија на Бартомеу, во Барселона нема да брзаат во
одлуката за тренерската позиција, но, ќе постојат отворени разговори по тоа
прашање за да се дојде до клучниот одговор
: кој би го наследил Валверде?

Постојат многу
опции кои се отворени за тоа кој ќе има капацитет да ја предводи оваа
генерација на Каталонците, стартниот состав на тимот кој настапи синоќа на
Енфилд вклучуваше дури седум фудбалери кој имаат 30 години, или повеќе од тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани