Ериксен со јасна порака до Конте: Не сакам да седам на клупата за резерви

by
1 минути читање

Големи беа
очекувањата од ѕвездата на Интер, Кристијан Ериксен кој во зимскиот преоден рок
во јануари направи трансфер од Тотнем, а по сите случувања околу него тој
испрати јасна порака до шефот на стручниот штаб на италијанскиот прволигаш дека
не сака да седи на клупата за резерви и натаму.

Не сакам да
седам на клупата за резерви цела сезона, се надевам дека намерата на мојот
тренер не е таква, ова ќе биде навистина тешка сезона, многу натпревари на
самата програма, меѓутоа јас очекувам да имам минутажа на натпреварите
“ изјави
Данецот за време на пресконференцијата на својата национална селекција.

Никогаш не е
убаво да седите на клупата за резерви, а некој секако дека ќе стане помалку
трпелив како расте неговото искуство, постојат многу очекувања од мене, луѓето
помислија дека ќе можам да направам разлика на теренот, но до тоа не дојде,
токму затоа ме гледаат со други очи
“ додаде Ериксен кој се приклучи на Интер во
јануари по трансферот од Тотнем за 20 милиони евра.

Италијанските
медиуми известуваат дека Ериксен ја одбил можноста да се пресели во редовите на
Борусија Дортмунд на позајмица во завршницата од последниот преоден рок, а
опција за него била и Херта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани