593
Директорот на Интер, Бепе Марота неколку пати потврди дека Ериксен е на продажба во јануари откако не успеа да се вклопи во системот на Конте.
Според „Газета дело Спорт“, тој би можел да се врати во Тотнем, особено ако Деле Али замине во ПСЖ.
Ериксен се поврзува и со ПСЖ, но се верува дека приоритет на Покетино е Деле Али.
Интер за Ериксен плати 27 милиони евра и ќе се обиде со негова продажба да го извади вложеното.