Кристиан Ериксен
наводно имал средба со челниците на Тотнем за да го изнесе својот став, односно
на истата средба побарал да се реализира трансфер во Интер уште во овој преоден
рок.
Данецот се чини
дека е близу до преселба во Милано уште оваа седмица, меѓутоа постојат одредени
компликации помеѓу обата тима кои се од финансиски карактер.
Жозе Мурињо го
вметна во составот за вечерашната пресметка со Норич во редовното 24 коло од
Премиерлигата, но од „Скај Спорт Италија“ тврдат дека Данецот веќе имал средба
со челниците на клубот за да притиска за трансфер во составот на „Нероаѕурите“.
Без разлика на
тоа што ќе се случи месецов, договорот на Ериксен со Тотнем истекува на лето, а
Интер наводно понудил 18 милиони евра за фудбалерот, а претходните шпекулации
велеа дека трансферот е близу реализација.
Џанлука Ди Марцио
пренесе дека Тотнем бара 20 милиони евра за Данецот, а доколку Интер не е
подготвен за таква сума во моментов, ќе мораат да се соочат со бараната цена,
во спротивно ништо нема да биде од целите преговори.
Се верува дека
Ериксен веќе му дал потврден одговор на Интер, како и тоа дека договорени се
личните услови на фудбалерот во тие преговори, со тоа што јасно е дека
фудбалерот може да преговара овој преоден рок со заинтересираните екипи.