Ериксен во Интер пристигна како сериозно засилување, но мака мачи да се избори за стандардно место во тимот, Данецот не може да го увери Конте дека е доволно добар за да биде еден од клучните фудбалери.
Но изминатите денови во мечевите со данската репрезентација, Ериксен покажа зошто беше донесен во Интер.
„Каде и да сум бил порано, дури и кога играв за Тотнем, секогаш ми беше задоволство да патувам со националниот тим“, вели Ериксен.
„Не е поинаку и сега, сите знаат, се пишува многу, работите се променија и не играм толку колку што играв во Тотнем. Но во исто време кога ќе дојдам да играм за Данска, среќен сум и не е важно во кој клуб сум во моментов“.
„Среќен сум што имам поддршка од тренерот и што ми дозволува да играм како што сакам, среќен сум што имам слобода“.