392
Интер не го продаде Ериксен во јануари, но се чини дека тоа ќе го направи во летниот преоден рок и покрај тоа што ситуацијата на Данецот во тимот сега е подобра.
Се верува дека Ериксен би можел да се врати во Премиерлигата и да го облече дресот на Челси, но тоа ќе зависи од текот на преговорите меѓу двата клуба, засега има несогласувања.
Интер сака чиста замена, двајцата фудбалери да бидат проценети на 50 милиони евра. Сепак Челси не се согласува со тоа, тие бараат плус обесштетување од 15-20 милиони евра.
Разговорите ќе продолжат и доколку Челси ги намали своите барања, можно е да биде постигнат договор.