810
Реал Мадрид со гол на Ендрик со 1-0 славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад во првата полуфинална пресметка меѓу овие тимови во полуфиналето од Купот на Шпанија.
Кралскиот клуб го надигра својот противник на негов терен, Реал Сосиедад може да биде и среќен што загуби со само еден гол разлика.
Клучниот момент се случи во 19. минута кога по асистенција од Белингем, Ендрик даде гол за водство на Реал од 1-0, што беше и конечен резултат.
ENDRICK WHAT A FINISH!
— TC (@totalcristiano) February 26, 2025
JUDE BELLINGHAM INSANE ASSIST! 🤯 pic.twitter.com/QohDtHT6bn
На овој меч Карло Анчелоти настапи без дел од најдобрите играчи кои од разни причини беа изоставени, Куртоа, Мбапе, Модриќ, Валверде… но и покрај тоа составот на Реал Мадрид беше повеќе од силен.