Унаи Емери вели
дека Месут Озил нема да си замине од Арсенал во јануарскиот преоден рок, откако
поранешниот германски репрезентативец се поврзуваше со трансфер во Интер, клуб
кој пријави голем интерес за искусниот фудбалер од средниот ред на Премиерлигашот.
Озил извесен
период не е во преден план кај шпанскиот стратег, кој сепак стави јасно
дознаење дека нема да дозволи негово заминување, велејќи дека му е потребен во
екипата.
„Сакам секој
фудбалер кој поседува квалитет да биде во овој тим да остане, Месут Озил ни е
потребен. Дали тој има иднина во овој клуб? Да, зошто да не?“ рече Емери на
пресконференцијата во пресрет на утрешниот дуел со Барнли пред своја публика во
Премиерлигата, каде наведе дека во составот ќе се најде и Озил.