Сасуоло го
изненади Наполи, на гостите им недостигаа неколку клучни играчи, но и покрај
тоа славеа со 0-2 на „Сан Паоло“.
Резултатот беше
отворен во 59. минута, со помош на ВАР беше досудена најстрога казна а Локатели од белата точка донесе 0-1. Трите бода беа потврдени
длабоко во судиското надополнување, Макси Лопез го „прати по бурек“ Манолас,
потоа се прошете во петерецот и го совлада Оспина.
Домаќините беа
бесни на судијата и ВАР откако не им беше досуден пенал во финишот при резултат
0-1. Марлон го повлече Осимен за дрес, но ниту арбитарот се огласи ниту пак видео
технологијата го корегираше.
Нашиот Елиф Елмас
доби дваесетина минути и се врати на терените по речиси еден месец.
На вториот
денешен натпревар од 18 часот, Рома со головите на Спинацола и Педро стигна до
триумф од 2-0 над Фиорентина.