Елмас му донесе победа на Наполи во 94. минута! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Елиф Елмас го постигна својот деби гол за Наполи и тоа во вистински момент, погодок за три бода во 94. минута од мечот.

Сасуоло поведе со гол на Траоре во 29. минута, Алан со прекрасен погодок во 57. изедначи на 1-1.

Елмас во игра влезе во 70. минута и се покажа како вистински џокер. Ди Лоренцо нафрли во 94. минута, а Елмас со глава, и со мала помош од дефанзивецот на Сасуоло постигна гол за победа на Наполи од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани