Елмас и соиграчите биле навредувани од своите фанови пред дербито со Јувентус (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Силно се тресе столчето на Гатузо, денешниот меч со Јувентус може да биде клучен за неговата иднина.

Синоќа фудбалерите на Наполи се сместија во хотел за да бидат во карантин пред големото дерби, но имаа непријатен момент.

Десетици фанови на Наполи го пречекаа автобусот пред хотелот и кога фудбалерите излегуваа од автобусот следуваа серија навредливи извици кон нив.

Според локалните медиуми, не биле навредувани сам Виктор Осимен и Хирвинг Лозано.

Мечот меѓу Наполи и Јувентус се игра денеска со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×