77
Со 16 години и 30 дена, офанзивниот играч од средниот ред на Фулам, Харвеј Елион стана најмладиот кој заиграл во Премиерлигата.
Тој го помина Метју Бригс кој исто така како играч на Фулам во 2007 година стана најмладиот фудбалер кој играл во Премиерлигата, тогаш со 16 години и 65 дена.
Елион важи за голема фудбалска надеж и веќе е интересен за повеќе големи клубови од Премиерлигата и Европа.
Тој се уште има младински договор со клубот од Кревин Котиџ, настапува за нивните селекции до 18 и до 21 година.