Голема е веројатноста Елиф Елмас да замине од Фенербахче во летниот преоден рок. Македонскиот фудбалер има висока цена на европскиот пазар, а турскиот гигант нема да игра во Европа следната година, па сигурно нема да одбијат богата понуда за големиот талент.
Информациите од Англија велат дека Брендан Роџерс го посакува Елмас во составот на Лестер и тоа како едно од приоритетните засилувања.
Елмас важи за еден од најголемите таленти во Европа, неговото име се поврзуваше и со гигантите како Реал Мадрид, Манчестер Сити, Тотнем… па цената на македонскиот фудбалер се проценува дека е околу 30 милиони фунти.
Лестер најавува сериозен проект за следната сезона, сакаат да направат тим кој ќе биде конкурентен за позициите кои водат во Лигата на шампионите и се пишува дека Роџерс ќе добие 200 милиони фунти за нови засилувања во летниот преоден рок.