По само неколку
месеци од рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ вреден 222 милиони евра, медиумите
почнаа да шпекулираат дека напаѓачот се каe, не е среќен во Париз и жали што
заминал од Камп Ноу.
Нејмар се
најавуваше како следниот „галактикос“ на Флорентино Перез и Реал Мадрид, а
често се говори и за негово враќање во Барселона.
Во неколку
наврати се појавија стории кои велеа дека Бразилецот барал од функционери и
играчи на Барселона да му помогнат одново да го облече дресот на „Каталонците“.
И покрај тоа што
Нејмар ги негираше ваквите написи, медиумите од Шпанија продолжуваат да говорат на оваа тема.
Емисијата „Ел
Чирингито“ објави дека играчот на блиски пријатели и роднини им зборувал како
договорот веќе да е комлетиран за негово враќање во Барса, и користел фрази како „следната година кога ќе бидеме во Барселона…“.
Новинарот Педрерол
потоа го праша својот соработник дали Бразилецот зборува за трансфер во Реал
Мадрид, но доби негативен одговор, наводно Нејмар е фокусиран само на враќање
во Барса.
Проблем може да
преставува високата цена, со оглед на тоа дека ПСЖ сигурно нема да го продаде
Нејамр за помалку од 222 милиони евра, колку што плати за неговите услуги.
Сепак, „Светците“ се под истрага на УЕФА за прекршување на правилата за
Финансиски фер плеј, па ова може да ја отвори вратата за трансфер на напаѓачот.
¡EXCLUSIVA de @IgnacioMiguelez! “Cuando a NEYMAR le sale hablar de su FUTURO dice que el AÑO QUE VIENE JUGARÁ en el BARÇA”. #ChiringuitoNeymar pic.twitter.com/4EahdQgcoQ
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 20, 2018