Експериментот на Манчини неуспешен, Португалија ја совлада Италија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Италија не
импресионираше на воведниот меч од Лига на нации против Полска, па за
пресметката со актуелниот европски шампион, Роберто Манчини вечерва направи
еден куп промени и само двајца играчи останаа во почетните 11. Формацијата беше промената од 4-3-3 во 4-2-2, а исто така ова беше првиот официјален меч по 20 години
во кој немаше фудбалер на Јувентус во старниот состав.

Сепак експериментот се покажа како неуспешен, Португалија беше подобар
противник и стигна до победа од 1-0.

Откако домаќините
пропуштија неколку шанси во првиот дел, Андре Силва погоди на стартот од
вторите 45 минути, Поранешниот играч на Милан прецизно биеше во долниот лев
агол за 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани