222
Египет ја оствари првата победа на Светското првенство откако со пресврт во второто полувреме со 3-1 ја совлада селекцијата на Нов Зеланд.
Нов Зеланд одлично го почна натпреварот, поведе уште во 15. минута со гол на Сурмен.
Предноста на оваа репрезентација траеше до 58. минута кога Зико изедначи на 1-1.
Десет минути подоцна по една мајсторска акција, додавање со пета на Зико, Салах погоди за комплетен пресврт и водство на Египет од 2-1.
Конечните 3-1 ги постави нововлезениот Трезеге во 82. минута од натпреварот.
По две одиграни кола во оваа група, Египет е прв со четири бода, по два имаат Иран и Белгија, Нов Зеланд е последен со еден бод.