Еду се испофали со трансферот на Парти: Тој е дел од седуммесечен план

by
1 минути читање

Томас Парти
несомнено е големо засилување за Арсенал во новата сезона, тој во клубот од
Лондон дојде во самата завршница од преодниот рок за трансфери, а техничкиот
директор на „Топчиите“, Еду тврди дека ангажманот на интернационалецот од Гана бил
кулминација на план на подолг рок.

Телефонскиот повик од Арсенал во два часот по полноќ кој ги налути во Атлетико Мадрид

Еден ден
навистина би сакал да им прикажам на навивачите како ние работиме, или како сме
работеле, бидејќи, доколку го проследите мојот план од шест или седум месеци
претходно, кога успеав да ги склопам коцките со Микел Артета, Томас веќе беше
дел од него
“ вели техничкиот директор на клубот од Лондон.

Арсенал го доби
потписот на Парти во последниот ден од преодниот рок откако на Атлетико Мадрид
му исплати 45 милиони фунти, онолку колку што гласеше откупната клаузула на
фудбалерот.

Така, можете да
проследите колку месеци ни беа потребни за да го пронајдеме вистинскиот
фудбалер за клубот, толку многу работа, состаноци, моравме убаво да утврдиме на
кој начин ќе дојдеме до него, многу процедури, но, на крајот успеавме!
“ додаде
Бразилецот кој е екс член на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани