109
37-годишниот Тери беше без клуб откако ја напушти Астон Вила изминатото лето. Дефанзивецот на својот инстаграм профил објави дека се пензионира.
„По 23 неверојатни години како фудбалер, одлучив дека сега е вистинско време да се повлечам од играњето“, напиша Џон Тери.
Џон Тери кој има 78 настапи за Англија, го напушти Челси во 2017 години по две декади поминати во лондонскиот клуб.
Тој освои пет титули во Премиерлигата, пет ФА Купа, титула во Лигата на шампионите, Лига Европа и пет трофеи во Лига купот и стана најтрофеен играч во клубот.