Под водство на
Италијанецот, „Лисиците“ минатата сезона испишаа бајка и на големо изненадување
стигнаа до титулата во Премиерлигата.
Но оваа сезона
резултатите не беа на потребното ниво, Лестер пред две недели беше само еден
бод над зоната за испаѓање па управата на клубот реши дека Клаудио Раниери мора
да замине.
Фудбалскиот свет
беше разочаран од ваквиот потег, и иако одлуката е прилично сурова, Лестер
заигра далеку подобро по разделбата со Италијанецот.
„Лисиците“
најпрво со 3-1 го фрлија на колена Ливерпул, а изминатиов викенд со ист
резултат славеа и против Хал.
Па сега на мета
на критичарите се играчите. Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард вели дека не
може да разбере како тие оддеднаш заиграле далеку подобро.
„Мислам дека го
изневерија менаџерот, и тоа на големо” – вели Стиви Џи.
„Да покажат таков
карактер, желба и борба на последните два натпревари, а не кога на клупата беше
Раниери, по се што тој стори за нив минатата сезона, тоа е огромно непочитување
кон Раниери”.
„Играте за клубот,
за грбот, не играте за менаџерот”.
„Затоа не можам
да разберам како група играчи оддеднаш одлучуваат, е сега ќе почнеме да играме”.
„Пред две недели
никој од нив не се обидуваше да трча, да притиска, никој од нив не играше ни
приближно исто како што играа минатата сезона”.
„Раниери заминува
и оддеднаш тие сега ги засукаа ракавите и почнаа да играат”.