Легендата на
Ливерпул, Стивен Џерард не го крие разочарувањето за тоа што Фернандо Торес ги
замени „Редсите“ со ривалот Челси, тој тврди дека баш во периодот кога клубот
презел големи чекори во прогресот се случило заминувањето на клучниот играч по
што бил потребен период за рехабилитација од сето тоа.
„Не играв доволно
многу со Торес, бидејќи тој замина во Челси и со тоа ми го скрши срцето“ изјави
Џерард во подкастот на Роби Фаулер.
„Доколку ме
прашавте кој бил најдобриот фудбалер со кого сум играл, Луис Суарез беше
животно, меѓутоа моите најдобри години беа со Торес кога говориме за начинот на
кој сум се чувствувал“ додаде тој.
„Бев навистина
многу разочаран кога Торес си замина, ние работевме толку напорно за да ги
реализираме зацртаните амбиции и цели, сите во Ливерпул чувствувавме дека тој
период навистина бележиме големи чекори во прогресот, а потоа се случи клучниот
играч на тимот да си замине, потребен беше период за рехабилитација потоа…“
заклучи Џерард.