Џерард пред нов ангажман: Се враќа во поранешниот клуб?

by Стефан
1 минути читање

Стивен Џерард повторно би можел да седне на клупата на шкотскиот Ренџерс, клуб со кој постигна голем успех во својот прв мандат. Според пишувањата на „Дејли Мејл“, 44-годишниот Англичанец е главен фаворит за нов менаџер на тимот од Глазгов.

Џерард веќе го водеше Ренџерс од 2018 до 2021 година, а во сезоната 2020/21 успеа да ја врати шампионската титула на „Ајброкс“, прекинувајќи ја доминацијата на Селтик. Тоа беше и еден од најголемите успеси на клубот во поновата историја.

По овој триумф, Џерард замина во Премиер лигата каде ја презеде Астон вила, но не успеа да остави позначителна трага. Истата судбина ја доживеа и во Ал Етифак во Саудиска Арабија, каде беше ангажиран од летото 2023 до јануари годинава.

„Дејли Мејл“ открива дека раководството на Ренџерс, по заминувањето на привремениот тренер Бери Фергусон, има намера да му ја даде довербата повторно на поранешниот капитен на Ливерпул, кој со своето искуство и авторитет би можел да внесе стабилност и нова енергија во тимот.

Одлуката за новиот менаџер се очекува наскоро, а Џерард би можел официјално да биде назначен до крајот на мај или на почетокот на јуни.

Фото: Rangers F.C/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани