480
Aнглискиот тренер Стивен Џерард е без ангажман откако го напуштил Ал Итифак од Саудиска Арабија, а островските медиуми шпекулираат дека би можел да добие работа во неговата татковина.
Наводно, Џерард е еден од кандидатите за нов тренер на Саутемптон од каде што неодамна си замина Хрватот, Иван Јуриќ.
Јуриќ го напушти клубот од „Сент Мери“ веднаш откако ги загубија шансите за опстанок. Саутемптон сега го води неговиот помошник и се најавува дека Џерард може да биде конечно решение.
Џерард покрај Aл Етифак ги водеше уште Ренџерс и Астон Вила, а тренерската кариера ја започна во младинските категории на Ливерпул.