135
Џентиле не се
штедеше во своите обиди да ги сопре своите ривали на терените, а тој ќе остане
запаметен и по тоа што ги чуваше Зико и Марадона на еден свој препознатлив начин
на патот на Италија до титулата од Светското првенство во 1982. година.
Италијанецот
запрашан за тоа што би направил доколку го чувал Нејмар во денешно време, даде
еден кус коментар, во негов стил, вели дека би го направил да биде посериозна
личност на терените.
„Што би направил
доколку јас го чував Нејмар? Не можам да кажам… но сигурно би се обидел да го
убедам да биде сериозна личност“ изјави поранешниот стопер на Јувентус и
освојувач на светската титула со Италија.