Џенова има мерак на Македонци, го сака и Стефан Ристовски

by
1 минути читање

Џенова е во потрага по десен бек, а според италијанските медиуми идеално решение гледаат во Стефан Ристовски.

Македонскиот фудбалер има искуство во Италија, пред да се пресели во Ријека играше во Парма, Фросиноне, Кротоне, Бари и Латина.

Џенова подолго време го следела Ристовски, но не успеала да го ангажира кога тој бил во Ријека, сега нивната мисија да го добијат Македонецот ќе биде уште потешка бидејќи тој е член на Спортинг Лисабон кој за нашиот играч плати речиси 4 милиони евра.

Иако имаше повеќе импресивни партии во дресот на Спортинг, Ристовски останува втора опција во тимот од Лисабон каде прв десен бек е Италијанецот Пичини.

Италијанскиот медиум вели дека Џенова и Спортинг Лисабон имаат добри односи, од кои неодамна во Италија пристигнал плејмејкерот Лури Медеирош. Тие ќе пробаат да договорат трансфер на Ристовски, ако сумата биде превисока, ќе испратат и понуда за позајмица.

Џенова го има македонскиот капитен Горан Пандев, а се пишува дека мета е и нашиот напаѓач Мирко Ивановски кој е член на Славен Белупо, па ништо чудно ако следната сезона во Серија А имаме тројца Македонци во еден клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани