130
Тренерот Балардини му даде шанса на Пандев во стартниот состав, а македонскиот капитен максимално ја користи. Тој покажа каков мајстор е, а многу веројатно ќе си заработи и нов договор.
Пандев му даде гол на Лацио на Олимпико, а потоа на домашен терен го тресна и Интер. Македонецот во моментов е еден од најдобрите во тимот на Џенова.
Минатото лето Пандев потпиша нов едногодишен договор со Џенова според кој прифати да игра за помала плата, 800.000 евра годишно. Сега се вели дека клубот ќе му понуди нов едногодишен договор со нешто подобри финансиски услови.
Пандев сака да продолжи да игра во Италија и со добрите игри во последно време веројатно тоа и го заработи.