Офанзивниот крилен играч, Џастин Клајверт кој минатиот месец наполни 19 години, ќе потпише за Рома која за овој трансфер на Ајакс ќе му плати 20 милиони евра.
Утре Клајверт треба да ги помине медицинските тестови и да потпише петгодишен договор со Рома за плата од околу 2 милиони евра по сезона.
Тој минатата сезона постигна 10 гола имаше и пет асистенции на 30 натпревари во холандската лига за Ајакс.
Џастин е син на легендарниот холандски фудбалер, Патрик Клајверт и можеби затоа со посебен интерес е следен од фановите на Рома кој дојдоа во голем број на аеродромот да го пречекаат.
Тој ќе биде четврто засилување за Рома во овој преоден рок откако претходно клубот потпиша со Брајан Кристанте од Аталанта, Анте Чориќ од Динамо Загреб и Иван Маркано од Порто.