Џака е среќен што ги замолкнал критичарите

by
1 минути читање

Џака е среќен што се врати во тимот и што му помогна на Арсенал конечно да победи во Премиерлигата и тоа против градскиот ривал Челси.

Многу се зборуваше по црвениот картон. Многу од луѓето почнаа да зборуваат и зборуваа, зборуваа, зборуваа…“, вели Џака.

„Секогаш ќе го покажувам мојот карактер. Бев многу разочаран за црвениот картон и знаев дека погрешив. Но сега сум повеќе од среќен што му помогнав на тимот и се вратив“.

„Знаевме дека тоа ќе биде многу тежок меч, но работевме многу добро заедно како тим. Се придржувавме до планот кој ни го даде тренерот. Да притискаме и да бидеме фокусирани 95 минути. Постигнавме голови во вистинско време и водството од 3-0 ни помогна многу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани