Барса минатиот викенд ја освои титулата во Шпанија, па во моментов фокусот е Лигата на шампионите. Во вторник ги чека гостување на Енфилд, па Валверде сакаше неговите избраници да бидат свежи за реваншот со Ливерпул и вечерва го промени целиот тим.
Но и покрај ова, Барселона доживеа пех откако по само шест минути игра се повреди Осман Дембеле. Младиот Французин има повреда на задната ложа и сигурно нема да биде во комбинација за дуелот со „црвените“ а големи се шансите за него да заврши и сезоната.
Па Ернесто Валверде остана без важна опција. Дембеле е замената за Кутињо во форот, па и покрај тоа што не игра на потребното ниво, сега е многу веројатно Бразилецот да стартува против својот поранешен клуб.
Но без Дембеле, Барса остана и без брз и продорен играч кој може да биде клучен со оглед на тоа дека Ливерпул ќе мора да нападне со сите сили и тоа ќе остави простор за контри.