Луис Енрике вчера
соопшти дека по крајот на сезоната си заминува од Камп Ноу, стратегот не сака
да го продолжи договорот со „Каталонците“.
Па медиумите
денеска објавуваат листи со имиња како потенцијални наследници на Луис Енрике.
Различни весници
пишуваат за различни кандидати, многу имиња се во игра а како прв фаворит се
посочува Ернесто Валверде од Атлетик Билбао.
Како опции уште
се и Хорхе Сампаоли од Севиља, Роналд Куман од Евертон, Маурисо Покетино од
Тотенхем, Томас Тухел од Борусија Дортмунд, Масимо Алегри од Јувентус, Јирген
Клоп од Ливерпул, Арсен Венгер од Арсенал, Еузебио Сакристан од Реал Сосиедад и
Хуан Карлос Унзуе, кој во моментов е помошник на Луис Енрике.
Но двајца тренери
веќе самите се оптишаа.
„Не барам работа
во други клубови” –
рече Арсен Венгер утрово.
Попладнево,
тренерот на Реал Сосиедад, Еузебио истакна: „Можам само да му честитам на Луис
Енрике за работата која ја заврши”.
„Јас сум 100%
посветен на Реал Сосиедад и намерата ми е да бидам тука уште долги години”.