Два натпревари суспензија за Слот, Премиерлигата откри зошто тренерот на Ливерпул добил црвен

by bojan
1 минути читање
Слот

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот доби два натпревари суспензија за црвениот картон на вчерашното дерби против Евертон, стратегот користел навредлив и злонамерен јазик.

Синоќешното дерби на „Мерсисајд“ заврши со многу драма и тензија откако Евертон изедначи на 2-2 со гол во 98. минута.

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот по последниот свиреж тргна да се поздрави со судијата Мајкл Оливер, му подаде рака но и му дофрли нешто, па веднаш доби црвен картон.

Премиерлигата денеска се огласи и откри што се случувало.

„Тренерот на Ливерпул, Арне Слот беше исклучен по крајот на вчерашниот натпревар против Евертон поради употреба на навредлив и злонамерен јазик. Поради ова доби два натпревари суспензија“ – гласеше известувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани