Два гола на Халанд, Борусија Дортмунд е во четвртфиналето од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По победата во Севиља од 3-2, Борусија Дортмунд како сериозен фаворит излезе денеска во мечот против шпанскиот тим. Вечерва водеа со 2-0, но малку фалеше од готово да направат вересија.

Борусија Дортмунд го отвори мечот со гол на Халанд во 35. минута од натпреварот.

На почетокот од второто полувреме се случуваше вистинско шоу. Најпрво Халанд даде гол кој ВАР му го поништи поради прекршок. Брзо потоа беше досуден пенал, Халанд не погоди, но ударот беше повторен бидејќи голманот на Севиља не ја газеше линијата. Халанд реализираше од втора за водство од 2-1.

Но Севиља не се отажуваше, во 69. минута Ен Несири од пенал намали на 2-1, овој погодок внесе енергија во составот на Севиља.

Во 96. минута Ен Несири постигна уште еден гол, овој пат реализираше со глава за 2-2.

Севиља имаше уште еден опасен напад за да дојде до 3-2 и да го однесе натпреварот во продолженија, но Борусија Дортмунд успеа да се одбрани и по последниот судиски свиреж да се радува на пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани