Поранешниот
напаѓач на Челси, Дидие Дрогба упати порака до првата ѕвезда на тимот од
Стемфорд Бриџ, Еден Азар, дека треба да е следниот што ќе ја продолжи верноста
со клубот, откако тоа веќе го стори Н’Голо Канте, кој стави потпис на нов, петгодишен договор.
„Тој треба да
биде следниот што треба да потпише“ рече Дрогба во изјавата за Гол, а притоа се
надоврза и на формата на Алваро Мората, која не беше за пофалба на почетокот од
новата сезона, но, таа сега е во нагорна линија, што го радува и самиот Дрогба.
„Не е лесно, се
случува на сите кои минуваат низ тешки ситуации, тоа што е најважно во тој
период е поддршката од фановите, а навивачите на Челси беа одлични со него
пружајќи му ја поддршката во сиот тој период, сите, вклучувајќи ме и мене, сме
среќни што тој повторно погодува, тој е одлично момче, а тоа што е најважно е
фактот што е одличен напаѓач“ заклучи поранешниот напаѓач на Премиерлигашот.