Драматично дерби на Олимпико, Рома и Интер ги поделија бодовите во меч со четири гола (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Натпреварот почна одлично за Рома, Пелегрини во 17. минута погоди со прецизен удар од далечина за водство од 1-0.

По десет минути игра во вториот дел Шкрињар погоди со глава за израмнување на 1-1, а Хакими во 63. минута постигна прекрасен гол за комплетен пресврт и водство на Интер од 2-1.

Како одминуваше мечот Рома се пожестоко напаѓаше барајќи израмнување. До него дојде во 86. минута кога Манчини постигна одличен гол со глава за конечни 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×