Јувентус многу рано, уште во осминафиналето го заврши настапот во Лигата на шампионите, силно се тресе столчето на Андреа Пирло.
Порто мечот го почна со предност од 2-1 по првиот дуел, а со гол на Серџо Оливеира од пенал поведоа со 1-0 ии во Торино.
Јувентус имаше одличен влез во второто полувреме, со гол на Киеза во 49. минута изедначија на 1-1, а брзо потоа Тареми доби два жолти картони и го остави Порто со играч помалку.
Киеза постигна нов гол во 63. минута и му донесе водство на Јувентус од 2-1. Со овој резултат и играч повеќе на теренот се чинеше дека нема да имаат проблем да се пласираат понатаму, но не беше така.
Регуларниот тек заврши со тој резултат кој беше идентичен на оној од Португалија, па се премина на продолженија.
А во нив, во 115. минута Серџо Оливеира со бомба од слободен удар го изедначи резултатот на 2-2.
Само две минути подоцна Рабио погоди со глава за водство на Јуве од 3-2, но им требаше уште еден погодок до кој не успеаа да дојдат во последните минути.
Порто направи изненадување, го елиминираше Јувентус од Лигата на шампионите, заслужена радост за Португалците.