Драма во Дортмунд, поништен гол на Левандовски во 94. минута, Борусија ги однесе трите бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Популарното „Дер
Класикер“ ги оправда очекувањата, Дортмунд и Баерн приредоа фантастичен меч со
возбуда до последниот свиреж.

Роберт
Левандовски покажа едка обожава да ја „полни“ мрежата на својот поранешен тим и
донесе водство во 26. минута од мечот. На асистенција на Гнабри, одлично биеше
со глава за 0-1
.

На стартот од
вториот дел, домаќините изедначија на 1-1. Ројс погоди од белата точка и најави
вузбудлив продолжеток од мечот. Радоста
на домаќините сепак кратко траеше,
Левандовски во 52. минута го врати Баерн во предност.

„Милионерите“
сепак не се откажаа и Ројс погоди за 2-2 во 67. минута од мечот. Потоа следеше
ерупција на „жолтиот ѕид“ откако Алкасер реализираше за водство од 3-2 во 73.
минута.

Завршните минути
донесоа голема драма. Левандовски по трет пат го матираше Бурки за 3-3, но голот
му беше поништен поради офасајд, па Борусија ја однесе победата и трите бода со
кои направи +7 во однос на лутиот ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани