78
Популарниот „Ел
Нињо“ ги исплаши своите соиграчи и сите присутни на Риазор откако при еден
воздушен дуел доби удар во глвата и се струполи на земја во безсознание.
Играчите на
Атлетико Мадрид во паника веднаш притрчаа и не дозволија Шпанецот да го
проголта јазикот, а набрзо дотрчаа и лекарските екипи.
Тој веднаш беше
пренесен во локална болница, и за среќа вестите кои пристигнуваат од Шпанија се добри.
„Колчонероси“
соопштија дека Фернандо Торес е свесен и во стабилна состојба, но ноќта ќе ја
помине во болница и утре ќе му бидат извршени нови тестови.