Драма на натпреварот на Баерн: Мусиала без контакт со друг фудбалер се струполи на теренот

by Стефан
1 минути читање

Пријателскиот натпревар помеѓу Баерн и РБ Лајпциг го одбележа загрижувачка сцена, откако фудбалерот на Баерн, Џамал Мусиала, ненадејно се струполи на теренот.

Сè се случи во 83. минута, само две минути откако Мусиала, кој влезе во игра во второто полувреме, постигна гол за конечни 3-1. Германскиот репрезентативец се сруши без контакт со противнички играч, а неговите соиграчи веднаш го повикаа медицинскиот тим, кој брзо истрча на теренот.

По неколку напнати моменти, лекарот со кренат палец покажа дека состојбата е стабилна. Мусиала, со аплаузи од трибините, самостојно го напушти теренот, иако изгледаше малку збунето.

Според информациите на германски „Билд“, 23-годишниот фудбалер колабирал поради големата жештина. Натпреварот во Минхен се играше на температура од 33 степени Целзиусови, а засега нема индикации дека станува збор за посериозен здравствен проблем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×