9
Доскорешната „единица“ на Интер, Јан Зомер е пред неочекуван трансфер во Клуб Бриж.
Шампионот на Белгија бараше замена за Симон Мињоле, а искусниот швајцарски голман се согласил да ја прифати понудата и покрај интересот од клубови од Шпанија и Германија.
Зомер важи за еден од најдобрите европски голмани во последната деценија. Најголем дел од кариерата го мина во Борусија Менхенгладбах, а потоа бранеше и за Баерн Минхен и Интер. Со баварскиот гигант освои титула во Бундеслигата, а со Интер стигна до шампионската круна во Серија А и настапи во финалето на Лигата на шампионите.
За репрезентацијата на Швајцарија има над 100 настапи и учествуваше на неколку светски и европски првенства.