88
До тренинг
комплексот на Борусија Дортмунд има рид кој е „трн во окото“ на клубот, и кој
со години е познат како „рид на шпионите“.
Местото е често
посетувано од новинари, фанови но и шпиони од противнички екипи кои сакаат од
прва рака да имаат увид во подготовките на „Милионерите“.
Борусија Дортмунд
најпрво се обиде со посадување на дрва да го реши проблемот, но откако тоа не успеа,
клубот на сопственикот на имотот му понуди солидна сума.
Медиумите од
Германија пренесуваат дека двете страни си подале рака и Борусија Дортмунд ќе
искешира 326.900 евра за конечно да се отараса од љубопитните лица околу
тренинг комплексот.