130
„Росонерите“ во битката за топ четири пласман им треба победа во последните две кола и услуга oд Јувентус на мечот против Аталанта.
Избраниците на Гатузо завршија дел од работата откако попладнево со 2-0 го совладаа отпишаниот Фросиноне. Но мечот на Сан Сари воопшто не беше лесен.
На Милан тешко му одеше во првото полувреме резултатот беше 0-0 па играчите добија свирежи од публиката. На стартот од вториот домаќините можеа да бидат шокирани откако Абате со неспретна реакција направи пенал.
Сепак, Донарума го спаси Милан и ја одбрани најстрогата казна. Ова им даде крилја на „росонерите“ кои преку Пјонтек поведоа во 57. минута а потоа Сусо во 66. минута ги реши сите дилеми.