Донарума е наследникот на Буфон во ПСЖ?

by
1 минути читање

Милан се чини
дека нема друг избор освен да продаде најмалку еден од своите клучни играчи во
составот, а веројатно сите патишта на оваа тема водат кон Џанлуиџи Донарума,
кој потекнува од младинскиот погон на клубот и се приклучи на сениорскиот
состав и беше засилување кое чинеше „нула“ на финансиски план за Росонерите.

Според
известувањата на „Тутоспорт“ и ова лето веројатно ќе има голем интерес за
ангажман на младиот голман, а ПСЖ е најзагреан за неговите услуги, особено поради
фактот што францускиот првак се разделува со Џанлиуџи Буфон по само една година
мината на италијанската легенда во француската престолнина.

Весникот пишува
дека ПСЖ бара квалитетен наследник на Буфон за идната сезона, а се шпекулира
дека е подготвен да понуди 50-60 милиони евра за Донарума, а доколку се случи
трансфер на младиот Италијанец во ПСЖ, тоа би значело ослободување од големите
трошоци на тимот од Милано кон него, ако се земе во предвид неговата годишна
плата од 6 милиони евра со договор кој важи до 2021. година, дополнително,
неговиот брат Антонио, кој заработува еден милион евра ќе си замине во пакет со
популарниот Џиџо.

 Како и да е, во случај на евентуално
заминување на Пепе Реина, за кого постои интерес од веројатно новиот тренер на
Јувентус, Маурицио Сари, Милан би бил во проблеми со тоа што би останал со еден
голман во составот, и тоа младиот Плицари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани