Донарума би можел во Челси?

by
1 минути читање

Италијанскиот весник
„Либеро“ тврди дека Челси би можел да тргне по потписот на голманот на Милан,
Џанлуиџи Донарума, а за тоа да го стори, Премиерлигашот ќе го убедува младиот
голман со годишна плата од 10,5 милиони евра.

Донарума веќе
запиша над 200 настапи во Серија А, а дебитираше на свои 16 години, како и да
е, од поодамна се шпекулира околу неговата иднина, а овој пат во игра за
неговиот потпис се споменува дури и Челси.

Останува дилемата
дали агентот на Донарума, Мино Рајола ќе успее да пронајде заеднички јазик со
челниците на Милан околу можноста да се стави потпис на нов договор, но
годишната плата од 10,5 милиони евра која наводно ја нуди Челси е со голема
разлика во однос на таа која во моментов Милан му ја исплаќа на својот голман, а
во преговорите за нов договор Рајола бара 7 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани