Фудбалерот од
средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба ќе мора да биде подготвен за
помала заработувачка доколку сака да се приклучи на Реал Мадрид на лето,
пренесува ЕСПН.
26 годишниот
Французин, кој во август 2016. година се врати на Олд Трафорт, се верува дека
флиртува со шпанскиот гигант каде би можел да се пресели во летниот преоден
рок, но, има еден услов кој сигурно нема да му се допадне.
Освојувачот на
последното Светско првенство, доколку силно посакува трансфер во Кралскиот
клуб, ќе мора да прифати и помала неделна плата од таа што ја заработува на Олд
Трафорд, а изнесува 290,000 фунти, наводно Реал Мадрид нема намера да му понуди
иста плата, туку помала од таа.
Погба јавно проговори
за тоа колку големо мислење има за Реал Мадрид како клуб, како и за Зинедин
Зидан како тренер, а исто како и него, и францускиот стратег не ја криеше
желбата да соработува со неговиот сонародник.