„Доколку повторно отиде на операција, Азар би можел да заврши со фудбалот“

by
2 минути читање

Неверојатно е тоа
што му се случува на 30 годишниот Еден Азар по трансферот од Челси во Реал
Мадрид пред две години, Белгиецот се соочи со низа повреди кои го оддалечија од
терените, а ограничија на само 25 настапи за „Кралевите“ досега.

За момент се
постави дилема, а можеби и еден вид конфронтација помеѓу Реал Мадрид и
селекцијата на Белгија, првите сметаат дека санацијата на последната повреда на
Азар треба да се одвива без операциски зафат, а вторите сметаат дека токму
операција е најдоброто решение, со што фудбалерот би бил подготвен за
Европското првенство.

Доктор Хозе
Гонзалес, кој инаку работи за градскиот ривал на Реал Мадрид, Атлетико Мадрид,
предупредува дека трета операција за Азар ќе значи и крај на неговата кариера.

Моето искуство
говори дека е мошне тешко за него да се врати да игра на неговото претходно
препознатливо ниво во дресот на Реал Мадрид оваа сезона
“ вели тој.

Доколку фудбалер
се врати на терените по долга повреда без да има тренинзи со поголем
интензитет, големи се очекувањата повторно да се повреди
“ додава Гонзалес.

Тој веќе се
соочува со анксиозност, посакува да им покаже на сите колку вреди и дава 100%
од себе, но трета операција на неговиот глезен е премногу ризична, постои
можност за тој не игра фудбал повторно
“ предупредува познатиот доктор.

Медиумите
претходно известија дека Азар отпатувал во Лондон за дополнителни медицински
прегледи, а шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан рече дека
едноставно не може да објасни зошто Белгиецот повторно се повреди на дуелот со
Елче во саботата, откако се врати на терените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани