Пауло Дибала е
означен како мошне значајно засилување за Манчестер јунајтед, како фудбалер кој
би можел да донесе еден голем чекор за тимот на Оле Гунар Солскјер во битката
за титулата во Премиерлигата идната сезона.
На Островот се
шпекулира дека тимот од Олд Трафорд веќе се распрашувал околу цената на 25
годишниот Аргентинец, кој би можел да направи трансфер веднаш по стартот на
летниот преоден рок.
Се верува дека
италијанскиот шампион би се согласил на обештетување од околу 120 милиони
фунти, но и клубот од Торино има желба за засилување од редовите на
Премиерлигашот, станува збор за Ромелу Лукаку.
Доколку не се
утврди статусот на Белгиецот на Олд Трафорд, тој секако ќе преферира заминување
од Манчестер јунајтед претстојното лето, а се верува дека Јувентус е неговиот
прв избор за трансфер, тој е голем фан на Роналдо и сигурно ќе посакува да игра
во негово друштво пред да се пензионира.
Се шпекулира дека
за 25 годишниот Лукаку интерес постои и од Интер, но, напаѓачот од поодамна не
криеше дека еден ден посакува да го облече дресот на Јувентус, а извесно е да
дојде до трампа помеѓу Манчестер јунајтед и Јувентус за Дибала и Лукаку, со
одредено обештетување од едната страна.